• четврток, 07 ноември 2024

Најтоплиот ден откако се вршат мерењата на температурите во светот е регистриран на 21 јули

Најтоплиот ден откако се вршат мерењата на температурите во светот е регистриран на 21 јули

Лондон, 23 јули 2024 (МИА) - Недела, 21 јули, беше во просек најтоплиот ден откако се вршат мерења на температурата во светот, покажуваат прелиминарните податоци на организацијата Коперник, агенција на ЕУ за климатски промени.

Просечната глобална температура на воздухот достигна 17,09 степени Целзиусови во неделата, малку повисока од претходниот рекорд од 17,08 степени лани.

Во текот на изминатата недела големи делови од САД, Европа и Русија беа зафатени од топлотен бран. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан