• среда, 25 декември 2024

„Најсреќниот човек на светот“ од 28 октомври на редовен репертоар во кино „Милениум“

„Најсреќниот човек на светот“ од 28 октомври на редовен репертоар во кино „Милениум“
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) -  Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има својата македонска премиера на 27 октомври во кино „Милениум“. Потоа продолжува на редовен репертоар во наредните две недели. Нашата држава е прва во светот каде филмот почнува со редовно киноприкажување. Во текот на месец ноември филмот низ светот ќе се прикаже на шест фестивали низ целиот свет и започнува со подготовки за редовна дистрибуција во низа европски земји. -Ноемвриската турнеја ја предводи ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Солун, каде режисерот Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. „Најсреќниот човек на светот“ веќе има дистрибутер за кино прикажување на територијата на Грција и во 2023 година ќе започне да игра во редовниот кино репертоар, најавија од продукцијата „Сестри и Брат Митевски“. Од Солун, „Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија од 9 до 20 ноември, каде филмот ќе биде проследен со панел предводен од режисерката Теона С. Митевска посветен на пост-југословенската кинематографија. „Најсреќниот човек на светот“ ќе патува и во Франција на Интернационалниот филмски фестивал во Арас кој започнува на 7 ноември каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22.февруари следната. Во месец ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмскиот фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Теона ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.бт/аа/

Остани поврзан