Најскапиот судир во светот: Штетата на „бугати чирон“ и „порше 911“ проценета на 3,5 милиони евра (видео)
- Несреќата била неизбежна, а покрај скапите „бугати“ и „порше“, во судирот учествувале и возилото со приколката и еден „мерцедес“. Според истрагата на швајцарската полиција од кантонот Ури, во

Цирих, 24 август 2020 (МИА) - Најскапиот судир во Европа, а можеби и во светот, се случил при една сосема обична сообраќајна несреќа... Повеќе возила се движеле зад камп-приколка, а возачите на „бугати чирон“ и на „порше 911“ истовремено одлучиле да престигнуваат и...
Несреќата била неизбежна, а покрај скапите „бугати“ и „порше“, во судирот учествувале и возилото со приколката и еден „мерцедес“.
Според истрагата на швајцарската полиција од кантонот Ури, возачот на приколката е полесно повреден и однесен в болница.
Возачите на „поршето“ и на „бугатито“ одбиле да потпишат заедничка изјава за сообраќајната незгода.
Проценетата штета предизвикана во оваа несреќа е околу 3,5 милиони евра. си/
https://www.youtube.com/watch?v=Ikpm7eJvFnk