• вторник, 24 декември 2024

Најскапата порција помфрит во светот чини 200 долари

Најскапата порција помфрит во светот чини 200 долари
Њујорк, 30 јули 2021 (МИА) - Ресторанот „Серендипити 3“ во Њујорк го собори Гинисовиот рекорд за најскапи пржени компирчиња во светот. Таква нарачка тука, односно новиот специјалитет чини 200 долари (скоро 10.400 денари). Главната состојка на овој специјалитет, се компири зачинети со масло од тартуфи, послужени со сос од сирење и тартуфи. Пред приготвувањето, се бланшираат во шампањски оцет и се пржат во чиста маст. На крајот, тие се украсени и со златна прашина што се јаде. Ова е десетто јадење на ресторанот со кое го соборија Гинисовиот рекорд. Тие претходно веќе ја направија најголемата свадбена торта, најскапиот сладолед, најголемата шоља какао, најскапата плескавица... Листата на чекање за пробување на најскапите компирчиња, е долга - луѓето чекаат 8 - 10 недели за својата резервација.

Остани поврзан