• петок, 26 јули 2024

Најмладите од градинката во Кавадарци изработија мартинки за среќа

Најмладите од градинката во Кавадарци изработија мартинки за среќа
Кавадарци, 1 март 2021 (МИА) - Најмладите од градинката ,,Рада Поцева”  во Кавадарци,  денеска изработија мартинки за среќа, заедно со своите воспитувачки. -Поради пандемијата од вирусот Ковид-19, денот беше одбележан во занималните, со нивно украсување, изработка на мартинки за децата и вработените, украсување на влезовите, рече Цанка Добринова, директор на градинката.   Минатата година, најмладите од градинката, изработените мартинки ги делеа на случајните минувачи во центарот на градот. Од градинката тогаш појаснија дека тие што имаа среќа да добијат од вешто испреплетениот црвен и бел конец, оставаа  донации во рамките на можностите, а собраните пари се искористија за нов дидактички материјал.свд/свс/

Остани поврзан