• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 87 лица загинаа кога брод со мигранти потона крај Мавританија

Најмалку 87 лица загинаа кога брод со мигранти потона крај Мавританија

Нуакшот, 5 јули 2024 (МИА) - Мавританските власти вчера извлекоа 87 тела и спасија 36 лица, откако брод со африкански мигранти се преврте крај брегот на земјата, јави ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори.

Се верува дека бродот превезувал 184 луѓе (претежно од Сенегал и Гамбија), оставајќи десетици луѓе без информации, додаде еден од изворите.

Бродот се превртел поради силните ветрови и високите бранови недалеку од јужното мавританско село Ндиаго, во близина на реката Сенегал.

Претходно оваа година, Европската унија вети 210 милиони евра финансиска помош за Мавританија, поранешна француска колонија, за да се запре миграцијата и да се обезбеди хуманитарна помош за мигрантите. Договорот за помош е постигнат по остриот скок на бројот на мигранти кои заминуваат од Мавританија кон шпанските Канарски острови.

Веќе некое време, Канарските острови, кои се наоѓаат на околу 100 километри од северозападниот брег на Африка, стигнуваат до сè повеќе бродови со бегалци. Според последните податоци на шпанското Министерство за внатрешни работи, до 15 јуни годинава таму пристигнале речиси 19.000 мигранти, што е за околу 220 отсто повеќе од истиот период во 2023 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан