• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 77 мигранти удавени во бродоломот во близина на сирискиот брег

Најмалку 77 мигранти удавени во бродоломот во близина на сирискиот брег
Дамаск, 23 септември 2022 (МИА) - Најмалку 77 мигранти се удавија во близина на брегот на Сирија, откако потона чамец што исплови од Либан, изјави денеска сирискиот министер за здравство Хасан ал Габаш. Околу сто и педесет лица, главно Либанци и Сиријци, се наоѓале на чамецот што потона близу градот Тартус. - Бројот на жртвите достигна 77, а 20 лица се згрижени во болницата „Ал Басел“ во Тартус, појасни сирискиот министер. Во текот на изминатиот месец, илјадници Либанци, Сиријци и Палестинци го напуштија Либан и преку море се упатија кон Европа. Во Либан живеат околу шест милиони луѓе, вклучувајќи и повеќе од милион сириски бегалци. Над три четвртини од населението живее во сиромаштија поради економската криза во земјата од 2019 година. бд/бак/

Остани поврзан