• четврток, 09 јануари 2025

Најмалку 57 жртви во судири меѓу војници и екстремисти во северна Сирија

Најмалку 57 жртви во судири меѓу војници и екстремисти во северна Сирија

Дамаск, 27 ноември 2024 (МИА) – Во жестоки судири во сириската провинција Алепо на северот на земјата, денеска загинаа 53 сириски војници и екстремисти, соопшти невладината Сириска опсерваторија за човекови права.

Како што е наведено, убиени се 26 членови на групата Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) и сојузничките групи, како и 31 припадник на владините сили.

Групата Хајат Тахрир ал Шам е поранешен сириски огранок на мрежата Ал Каеда која го контролира последното упориште на бунтовниците во Сирија во северозападниот дел на земјата. Групата го изврши нападот со сојузничките групи, соопшти Опсерваторијата, чие седиште е во Велика Британија, но има голема мрежа на извори во Сирија.

За прв пат по многу години, сириски авиони учествуваа во воздушни напади во таа зона, заедно со руски воени авиони, додава Опсерваторијата. јт/

Фото: Сириска опсерваторија за човекови права

Остани поврзан