• среда, 04 февруари 2026

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија

Токио, 4 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 35 лица загинаа, а речиси 400 се повредени во бури предизвикани од обилни снежни врнежи што ја погодија северна Јапонија во последните две недели, соопшти денеска јапонската влада.

Петнаесет префектури се погодени, а снегот достигна до два метра во најтешко погодените области.

Најголем број смртни случаи е пријавен во префектурата Ниигата - 12 вклучувајќи маж на 50-ина години пронајден на покривот на куќа и постар маж, кој паднал додека чистел снег во градот Нагаока.

Седум смртни случаи се пријавени во префектурата Акита и пет во Јамагата. Бројот на повредени во целата земја е 393 вклучувајќи 126 тешко повредени, од кои 42 во Ниигата. Оштетени се 14 куќи.

Главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, предупреди дека топењето на снегот може да предизвика лизгање на земјиштето и ги повика граѓаните да користат шлемови и јажиња при чистење на снегот.

Властите формираа неколку работни групи за да реагираат на погодените подрачја, а прогнозите предвидуваат повеќе снежни врнежи во текот на претстојниот викенд. мс/јт/

фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан