• четврток, 19 декември 2024

Најмалку 22 загинати во воздушен напад во Судан

Најмалку 22 загинати во воздушен напад во Судан

Картум, 8 јули 2023 (МИА) - Најмалку 22 лица загинаа денеска во воздушен напад врз еден судански град, соопшти Министерството за здравство.

Нападот е извршен во станбената област Омдурман, недалеку од главниот град Картум.

„Повредени се неутврден број лица“, информираат од Министерството.

За време на судирите меѓу армијата и моќната паравоена група позната како Сили за брза поддршка (РСФ) минатиот месец, во воздушен напад во Картум загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои пет деца. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан