Најмалку 20 луѓе загинаа во судир помеѓу нарко картелите во Мексико
- Најмалку 20 лица загинаа во вооружени судири меѓу нарко бандите во градот Чивава, северниот дел на Мексико

Мексико Сити, 12 октомври 2021 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа во вооружени судири меѓу нарко бандите во градот Чивава, северниот дел на Мексико.
Вооружениот судир бил помеѓу припадници на картелите Синалоа и на Халиско, за кој ќе ја контролира трговијата со дрога во регионот.
Државното обвинителство во Чивава објави дека е започната обемна истрага за инцидентот. ми/