• четврток, 14 ноември 2024

Најмалку 19 лица загинаа, а седум се водат како исчезнати по свлечиште на индонезискиот остров Суматра

Најмалку 19 лица загинаа, а седум се водат како исчезнати по свлечиште на индонезискиот остров Суматра

Паданг, 10 март 2024 (МИА) - Поројните дождови предизвикаа поројни поплави и лизгање на земјиштето на индонезискиот остров Суматра, при што загинаа најмалку деветнаесет лица, а уште седум се водат како исчезнати, објавија локалните власти.

Од вчера, спасувачите извлекоа седум тела од под насобраните слоеви земја и карпеста маса во најпогоденото село во областа. Во соседните села се пронајдени уште тројца мртви.

Шест тела беа пронајдени во Песисир Селатан и уште три во соседната област Паданг Парјаман. Националната служба за вонредни состојби соопшти и дека во поплавите се повредени две лица. Според нејзините информации, повеќе од 80 илјади луѓе останале без домови, а владата привремено ги сместила на друго место.

Дваесет илјади домови во девет области во индонезиската провинција Западна Суматра се поплавени до плафон. 

Спасувачките операции беа отежнати поради прекин на електричната енергија и отсечени патишта поради лизгање на земјиштето и поплави.

фото: „Пиксабеј“

Остани поврзан