Најмалку 18 загинати цивили во изралески артилериски напад врз централните и северните квартови на Рафа
- Најмалку 18 цивили загинаа, а десетици се ранети во денешниот напад на израелската артилерија врз централниот и северниот дел на градот Рафа и врз училиштето во кое се сместени лицата раселени од бегалскиот камп Џабалија.

Наблус, 21 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 18 цивили загинаа, а десетици се ранети во денешниот напад на израелската артилерија врз централниот и северниот дел на градот Рафа и врз училиштето во кое се сместени лицата раселени од бегалскиот камп Џабалија.
Според локални извори, израелската артилерија ги гаѓала и областите Шабур, Кирбет ал Адас и Урајба во централниот и северниот дел на Рафа, јавија палестинските медиуми.
Извештаите покажуваат дека израелско беспилотно летало погодило и шатор западно од градот Кан Јунис, во кој биле сместени раселени лица, при што загинале и биле повредени неколку лица.
Израелски воени авиони ја бомбардираа околината на училиштето на УНРВА во Крајзем, каде се сместени раселените лица, како и населбата Абу Рашид во бегалскиот камп Џабалија, во моментот кога учениците се враќаа од училиште, при што загинаа седум, а беа повредени повеќе од десетина луѓе. мс/
фото: МИА архива