• петок, 08 ноември 2024

Најмалку 18 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан

Најмалку 18 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан
Кабул, 3 октомври 2020 (МИА) - Во самоубиствен бомбашки напад со камион во источен Авганистан загинаа најмалку 18 лица, а 38 се повредени, потврдија официјални лица. Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи изјави дека нападот се случил во источната провинција Нангархар, во близина на џамија каде што се собрале локалните жители на молитва. Портпаролот на провинцискиот гувернер, пак, рече дека неколку вооружени лица се обиделе да влезат во зградите на окружните влади по експлозијата, но дека биле убиени од авганистанските сили пред да стигнат до нив. Како што пренесуваат странските агенции, сè уште никоја не ја презеде одговорноста за нападот, а познато е дека талибанците и сојузниците на Исламска држава се активни во оваа област. Двете групи извршија напади врз авганистанската влада, припадници на безбедносните сили и цивили. Претставниците на авганистанската влада и талибанците започнаа разговори во Катар за ставање крај на децениската војна во земјата, по договорот за прекин на огнот потпишан од САД и талибанците на 29 февруари во Доха. паг/    

Остани поврзан