• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 16 повредени во експлозија во тренинг центар на ФБИ во Калифорнија

Најмалку 16 повредени во експлозија во тренинг центар на ФБИ во Калифорнија

Лос Анџелес, 14 март 2024 (МИА) - Шеснаесет лица се повредени во експлозија во Центарот за обука на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во градот Ирвајн, во јужна Калифорнија, соопштија официјални лица.

Тринаесет од нив повредите ги здобиле од детонацијата, што резултирале со вртоглавица и болка во увото, наведе Одделот на шерифот на округот Оринџ (OCSD).

Две жртви се здобиле со повреди на нозете, а на една и била потребна операција.

-Уште едно лице претрпе повреда на грбот, но нема да бара операција, изјави портпаролот на шерифот.

Инцидентот се случил за време на заедничка вежба меѓу тимовите за бомби на OCSD и специјалната единица SWAT, изјави портпаролот на шерифот, а експлозијата се случила во мала зграда на имотот на ФБИ, пренесува Си-Би-Ес. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан