• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 15 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец во Сомалија

Најмалку 15 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец во Сомалија
Могадишу, 19 февруари 2022 (МИА) – Најмалку 15 лица загинаа во напад на бомбаш самоубиец кој денеска активираше елек со експлозив во преполн ресторан во сомалискиот регион Хиран. Полицијата соопшти дека во нападот во ресторанот за време на ручек во Белдвејн, главниот град на регионот Хиран, загинале претежно цивили, а околу 20 луѓе биле повредени. Одговорноста за експлозијата ја презеде екстремистичката група Ал Шабаб. Во нападот е предизвикана и огромна материјална штета. јт/

Остани поврзан