• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 14 лица загинаа на Филипините во невремето Трами, речиси 48.000 евакуирани

Најмалку 14 лица загинаа на Филипините во невремето Трами, речиси 48.000 евакуирани

Манила, 23 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 14 лица загинаа во тропската бура Трами, која ги поплави селата на Филипините и принуди речиси 48.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Најмалку 12 лица загинаа во градот Нага, додека уште два смртни случаи беа пријавени во други делови на регионот Бикол.

Повеќе од 47.500 луѓе беа евакуирани поради невремето, а официјалните лица пријавија исчезнати петмина рибари. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан