• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 14 лица го загубија животот откако врз нив падна голем билборд во Мумбај

Најмалку 14 лица го загубија животот откако врз нив падна голем билборд во Мумбај

Мумбаи, 14 мај 2024 (МИА) - Најмалку 14 лица го загубија животот, а 75 други се повредени откако врз нив падна голем билборд при невреме во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија денеска властите.

Видео снимка покажа дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа во прометниот пат во источното предградие Гаткопар. Градот го зафати невреме што го запре патниот сообраќај и летовите на авионите.

Локалните власти соопштија дека најмалку 75 повредени лица се пренесени во болница.

Агенцијата во чија сопственост е билбордот немала дозвола од надлежните да го постави, соопшти локалната власт. Билбордот бил околу 1.300 квадратни метри, што е девет пати повеќе од максималната дозволена големина. Агенцијата доби наредба веднаш да ги отстрани сите свои билборди. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан