• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 13 луѓе загинаа во поплавите во Венецуела

Најмалку 13 луѓе загинаа во поплавите во Венецуела
Каракас, 25 август 2021 (МИА) - Најмалку 13 лица, од кои две деца, загинаа во поплавите во сојузната венецуелска држава Мерида. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека вкупно 35.646 луѓе во 85 општини се погодени од поплавите. Обилните дождови, свлечишта и поплави се вообичаена појава во регионот на Андите во западна и југозападна Венецуела. Во 1984 година, околу 16 луѓе загинаа во близина на Мерида, а во 2005 година бурите однесоа неколку десетици животи. ми/

Остани поврзан