Најмалку 11 загинати во американски и британски напади врз цели на Хутите во Јемен
- Најмалку 11 лица загинаа, а 14 се ранети во воздушните напади на американските и британските сили врз цели на Хутите во западен Јемен, изјави портпаролот на меѓународно признатата влада на земјата.
Ходеида, 12 март 2024 (МИА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 14 се ранети во воздушните напади на американските и британските сили врз цели на Хутите во западен Јемен, изјави портпаролот на меѓународно признатата влада на земјата.
Операцијата за заштита на комерцијалниот брод преку Аденскиот Залив и Црвеното Море, клучниот воден пат, беше спроведена вчера. Погодени беа и пристанишните градови и други градови.
Телевизијата на Хутите објави за најмалку 17 напади, вклучително и врз главниот пристанишен град Ходеида.
Јеменската група го гранатираше товарниот брод „Пинокио“ во Црвеното Море, изјави нејзиниот портпаро, кој го нарече бродот „американски“.
Сепак, се покажа дека „Пинокио“ плови под знамето на Либерија и е во сопственост на компанија со седиште во Сингапур.
Американската војска потврди дека Хутите кон бродот истрелале две противбродски балистички ракети. Нема извештаи за повредени лица или материјална штета.
Во неделата, Соединетите Американски Држави објавија дека тие и нивните сојузници собориле најмалку 28 беспилотни летала лансирани од јеменската група поврзана со Иран. паг/
Фото: МИА архива