• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 1.600 луѓе и 140 животни спасени од ураганот на Флорида

Најмалку 1.600 луѓе и 140 животни спасени од ураганот на Флорида

Мајами, 11 октомври 2024 (МИА) – Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис денеска изјави дека досега најмалку 1.600 луѓе и 140 животни се спасени од ураганот низ американската сојузна држава.

Како што јави Еј-Би-Си Њуз, најмалку 16 луѓе загинаа во ураганот Милтон, кој го зафати западниот брег на Флорида како ураган од трета категорија, носејќи торнада, силни ветришта и поплави.

Невремето принуди милиони луѓе да се евакуираат и предизвика голема штета. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан