• среда, 25 декември 2024

Најмалку шест мртви во силна експлозија во фабрика за експлозиви во Русија

Најмалку шест мртви во силна експлозија во фабрика за експлозиви во Русија

Москва, 7 јули 2023 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа во експлозија што потресе фабрика за експлозиви во централна Русија, пренесуваат француските медиуми.

Како што објави рускиот канал Rybar Telegram, каде што најмногу пишуваат руските воени блогери, силна експлозија ја потресе најголемата руска фабрика за индустриски експлозиви „Промсинтез“ во Чапаевск, во регионот Самара.

Според информациите од итната помош шест лица загинале, а двајца се ранети.

„Експлозијата се случи за време на демонтирање на опремата за време на поправки во работилницата на фабриката „Промсинтез“ во Чапаевск. Осум лица се повредени, од кои шест загинаа“, изјави извор за руските медиуми.

Засега не е познато дали експлозијата е поврзана со војната во Украина. сд/

фото:архива

Остани поврзан