• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку четири жртви по уривање на станбен блок во Индија

Најмалку четири жртви по уривање на станбен блок во Индија

Њу Делхи, 19 април 2025 (МИА) – Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.

Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи, пренесе ДПА.

Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.

Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.

Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан