• среда, 12 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку четворица загинаа откако брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив

Најмалку четворица загинаа откако брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив

Каиро, 2 јули 2025 (МИА) - Брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив, при што загинаа најмалку четворица членови на екипажот, а четворица други се водат како исчезнати, соопштија денеска египетските власти.

Бродот се преврте вчера вечерта во близина на градот Рас Гареб, на африканската страна од Суецкиот Залив, соопшти египетското министерство за нафта.

-На бродот имало 30 работници кога се превртел, изјави Амр Ханафи, гувернер на покраината Црвено Море.

Спасувачките екипи пронашле четири тела и спасиле две лица, додека 22 други биле однесени во болници, изјави египетскиот гувернер.

Тој рече дека бродови на египетската морнарица се вклучени во тековната операција за пребарување и спасување на четворицата исчезнати членови на екипажот.

Превртувањето се случило во област наречена Габел ел-Зејт, важно египетско место за производство на нафта, околу 300 километри јужно од Суецкиот канал, соопшти министерството.

Превртувањето веројатно нема да предизвика прекини во бродскиот сообраќај што минува низ каналот, кој го поврзува Суецкиот Залив со Средоземното Море. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан