• понеделник, 07 октомври 2024

Најмалку седум мртви во пожар во ноќен клуб во шпанскиот град Мурсија

Најмалку седум мртви во пожар во ноќен клуб во шпанскиот град Мурсија

Мурсија, 1 октомври 2023 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти.

Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу 6 часот утрово по локално време.

Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми. 

Брза помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот.

Четворица се во болница поради вдишување чад.

Не е јасно што го предизвикало пожарот, што избувнал додека во клубот имало уште многу луѓе. сд/

фото: Скриншот Х

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан