• петок, 20 декември 2024

Најмалку седуммина загинати при експлозија на автомобил во Пакистан

Најмалку седуммина загинати при експлозија на автомобил во Пакистан

Исламабад, 8 јули 2023 (МИА) – Најмалку седум лица, меѓу кои три деца и две жени, загинаа откако патничко комбе се запали во централен Пакистан по експлозија на плинска боца, соопшти полицијата.

Експлозијата се случи во областа Саргода во провинцијата Пенџаб.

Пакистанските власти ја забранија употребата на плински боци во возилата на јавните служби и училишните комбиња поради несреќи, во кои загинаа десетици луѓе во изминатите неколку години.

Сообраќајните несреќи се честа појава во Пакистан поради недостаток на соодветна инфраструктура, лошо одржувани возила и невнимателно возење. Според пакистанското Биро за статистика, секоја година се регистрираат околу 9.000 сообраќајни несреќи, при што гинат над 4.000 луѓе. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан