• среда, 27 ноември 2024

Најмалку петмина цивили загинаа при руското гранатирање во Луганск

Најмалку петмина цивили загинаа при руското гранатирање во Луганск
Киев, 5 мај 2022 (МИА) - Загинаа петмина цивили во руско гранатирање изминатото деноноќие, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај. Како што појасни гувернерот, нападите биле фокусирани на Сијеродоњецк и Попасна, Хирске и Лисичанск. Русија изминатите недели ги пренасочи своите напади на исток и на југ, откако претходно се обиде да го опколи и заземе главниот град на Украина, Киев. бд/ми/
 

Остани поврзан