• понеделник, 16 декември 2024

Најмалку осум повредени во напад врз изреалски автобус на Западниот брег, Хамас ја презеде одговорноста

Најмалку осум повредени во напад врз изреалски автобус на Западниот брег, Хамас ја презеде одговорноста

Тел Авив, 29 ноември 2024 (МИА) - Военото крило на палестинската исламистичка организација Хамас ја презеде одговорноста за денешниот вооружен напад врз израелски автобус во близина на градот Ариел, на Западниот брег, во кој најмалку осум лица се ранети, а напаѓачот беше убиени.

Хамас изјави дека напаќачот бил 46-годишниот Самир Мухамед Ахмед Хусеин од селото Ејнабус, во близина на Наблус, и дека тој бил член на бригадите Ал Касам.

„Бригадите Ал-Касам ја преземаат одговорноста за престрелката“, се наведува во соопштението на Хамас.

Хусеин беше убиен од израелски војници на местото на нападот.

Според првичните снимки тој бил вооружен со автоматска пушка, јавуваат израелските медиуми.

Меѓу повредените три лица се во тешка состојба.

Нападите на палестинските екстремисти врз Израелците на окупираниот Западен Брег се чести од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Зголемен е и бројот на убиени Палестинци. Од израелски оган убиени се 796 Палестинци од 7 октомври 2023 година, главно во воени напади во палестинските градови и села, јавија американските медиуми.

Но, истовремено, има зголемување и на бројот на напади од еврејски доселеници врз Палестинците и нивниот имот.сд/

фото:Х

Остани поврзан