• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку едно лице загина откако ученик во француско средно училиште нападна со нож неколку ученици

Најмалку едно лице загина откако ученик во француско средно училиште нападна со нож неколку ученици

Париз, 24 април 2025 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а едно е во критична состојба откако ученик избодел со нож најмалку четворица ученици во средното училиште „Нотр-Дам-де-Тут-Аидс“ во француската област Дулон во Нант, пишува Телеграф.

Според првичните информации, напаѓачот е ученик во друго средно училиште.

Ученикот упаднал во две училници и почнал да ги боде децата. Наставниците го совладале пред да пристигне полицијата, пишува Дејли мејл.

Напаѓачот е 15-годишно момче, средношколец во втора година, кој досега не бил познат на полицијата, судството или разузнавачките служби.

Околу пладне се качил на вториот кат од училиштето и го избодел првиот ученик, а потоа се симнал долу и избодел уште најмалку тројца тинејџери. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан