• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку една жртва и неколку повредени во поморска несреќа во Иран

Најмалку една жртва и неколку повредени во поморска несреќа во Иран
Техеран, 11 мај 2020 (МИА) - Најмалку еден ирански морнар загина, а неколкумина се повредени во инцидент на воен брод за време на поморската вежба во Заливот Оман, јави денеска иранската државна телевизија. Заливот Оман е особено чувствителен воден пат како што се поврзува со теснецот Хормуз - преку кој поминува околу една петтина од светската нафта, коментираат светските агенции. - Инцидентот се случил во периметарот на иранското јужно пристаниште Џек во Заливот Оман за време на вежби на иранската морнарица. Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени, соопштила иранската морнарица. Вооружените сили на Иран редовно одржуваат вежби во регионот. Новинска агенција Фарс соопшти дека инцидентот се случил на бродот за поддршка Конарак, домашен воен број со ракетни лансери, кој се приклучи на поморската флота во 2018 година. Инцидентот се уште се испитува. Според други ирански медиуми, друг брод случајно истрелал ракета врз Конарак за време на вежба со пожар во живо. јт/  

Остани поврзан