• недела, 28 јули 2024

Најмалку двајца загинати при руски напад врз трговски центар во Кременчук

Најмалку двајца загинати при руски напад врз трговски центар во Кременчук
Киев, 27 јуни 2022 (МИА) – При рускиот ракетен напад врз трговски центар во градот Кременчук, централна Украина, загинаа најмалку две лица, а 20 се повредени, соопштија украински претставници. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави видео-снимка на која се гледа голем пожар во една голема зграда, но сè уште не е потврдена веродостојната на снимката. Според Зеленски повеќе од илјада луѓе имало во трговскиот центар за време на нападот, без да наведе број на жртвите. И градоначалникот на Кременчук, Виталиј Мелецки потврди дека имало напад врз трговски центар, исто така не наведувајќи број на жртвите. ми/

Остани поврзан