• среда, 27 ноември 2024

Најдобриот стрелец на Евролигата останува во Франција: Мајк Џејмс потпиша нов договор со Монако

Најдобриот стрелец на Евролигата останува во Франција: Мајк Џејмс потпиша нов договор со Монако

Монако, 14 јуни 2024 (МИА) - Како еден од најдобрите играчи во Евролигата, Мајк Џејмс имаше можност да го избере својот следен клуб. На крајот американскиот кошаркар реши да остане во Монако.

Џејмс потпиша нов тригодишен договор со францускиот клуб со важност до летото 2027 година. Тоа дефинитивно значи дека тренерот Саша Обрадовиќ и во следната сезона ќе има тим кој претендира на титулата во Евролигата.

Американецот за прв пат во Европа пристигна во 2012 година кога го облече дресот на Загреб. По кратки епизоди во Израел и Грција, пошироката кошаркарска јавност на Стариот континент го запозна кога играше за Басконија во 2014 година. Фудбалерот роден во Портланд потоа ги бранеше боите на Панатинаикос, Армани од Милано, ЦСКА од Москва, а од 2021 година настапува за Монако.

Џејмс играше двапати во НБА. Во најсилната лига на светот дебитираше во 2017 година со Феникс Санс, додека во истата сезона накратко беше и во Њу Орлеанс Пеликанс. Повторно го помина „езерцето“ во април 2021 година кога го носеше дресот на Бруклин Нетс заедно со неговиот добар пријател Кевин Дурант.

Во март оваа година стана и најдобар стрелец во историјата на Евролигата кога го престигна Василис Спанулис. Џејмс досега има постигнато 4.623 поени, а следната година ќе може дополнително да ја зголеми таа бројка. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан