• вторник, 26 ноември 2024

Најголем дел од 3.000 американски војници кои ќе бидат испратени во Кабул за евакуација на луѓе ќе пристигнат до крајот на викендот

Најголем дел од 3.000 американски војници кои ќе бидат испратени во Кабул за евакуација на луѓе ќе пристигнат до крајот на викендот
Вашингтон, 13 август 2021 (МИА) - Најголем дел од 3.000 американски војници кои ќе бидат испратени во Кабул за да помогнат во евакуацијата на дипломатите и другите цивили, ќе пристигнат во авганистанскиот главен град до крајот на викендот. Тоа го изјави денеска портпаролот на американското министерство за одбрана, Џон Кирби. Тој на прес -конференција рече дека САД се подготвени да евакуираат „илјадници луѓе дневно“ со авиони од Авганистан. Нема „непосредна закана“ за Кабул, изјави портпаролот на Пентагон. Во исто време, тој призна дека талибанците се обидуваат да го изолираат авганистанскиот главен град. САД се загрижени за брзината со која напредуваат исламистичките бунтовници, рече Кирби, изразувајќи надеж дека авганистанските власти ќе покажат волја за борба. Тој предупреди дека САД ќе реагираат цврсто доколку бидат нападнати нивните војници во Авганистан. зш/

Остани поврзан