• понеделник, 23 декември 2024

Највисоките претставници на ЕУ го осудија обидот за државен удар во Боливија: „Ние стоиме зад демократијата“

Највисоките претставници на ЕУ го осудија обидот за државен удар во Боливија: „Ние стоиме зад демократијата“

Брисел, 27 јуни 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја осуди боливиската војска која се обиде да го собори демократски избраниот претседател на земјата.

„Силно го осудувам обидот за соборување на демократски избраната влада на Боливија“, напиша Фон дер Лајен на Х.

„Европската унија стои зад демократиите. Ја изразуваме нашата силна поддршка за уставниот поредок и владеењето на правото во Боливија“, порача таа.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, исто така се огласи на мрежата Х за да ја осуди акцијата на армијата.

„Силно го осудувам воениот бунт против боливискиот уставен поредок и демократски избраната влада на претседателот (Луис) Арсе“, напиша тој.

Шефот на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека „Европската унија го осудува секој обид за поткопување на уставниот поредок во Боливија и за соборување на демократски избраните влади и ја изразува својата солидарност со боливиската влада и народ“.

Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на боливиските вооружени сили, генерал Хуан Хозе Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар, а боливиските власти го уапсија.

Претходно, армијата под команда на Зунига донесе оклопни возила и војници на централниот градски плоштад во Ла Паз во обид да изврши државен удар и да упадне во претседателската палата. паг/

 

Остани поврзан