• среда, 25 декември 2024

Највисоките воени генерали на САД и Русија разговараа шест часа

Највисоките воени генерали на САД и Русија разговараа шест часа
Хелсинки, 23 септември 2021 (МИА) - Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили и рускиот началник на Генералштабот, Валериј Герасимов, разговараа шест часа во Хелсинки, на првата средба лице в лице со највисоките воени претставници на двете земји од 2019 година. Мили, првиот човек на Здружениот штаб на американската армија и највисокиот генерал на руската армија, Герасимов, не ги открија деталите од вчерашниот разговор, а изјавите од двете страни беа кратки. Во соопштението на американската војска, кое вклучува детали за должината на состанокот, но не и агендата, се вели дека разговорите имаат за цел „да го намалат ризикот и брзо да го елиминираат конфликтот“. Руската новинска агенција РИА објави дека состанокот на двајцата највисоки воени претставници имал за цел разговори за ублажување на ризикот.
САД и Русија честопати имаат конфликтни воени интереси низ целиот свет, вклучително и земји како Сирија, каде американските и руските сили дејствуваа во непосредна близина. паг/    

Остани поврзан