• среда, 25 декември 2024

Најавени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи

Најавени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи
Скопје, 30 август 2022 (МИА) – Владата ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти. На денешната седница ги усвоии измените и дополнувањата на Законот за градење со кои се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати и на стопанските објекти со моќ до 40 киловати по поедноставени процедури. Како што истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција во Владата во текот на наредните денови измените на Законот ќе бидат доставени во Собранието, а очекува на првата собраниска седница да бидат изгласани во интерес на граѓаните и стаопанството. -Денеска на седницата на Влада поминаа измените и дополнувањата на Законот за градење кои ќе бидат доставени во собраниска процедура со кои се предвидува фотонапонските електроцентрали да можат да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост со моќност од 6 киловати и односно на правни субјекти до 40 киловати.  На колективните згради со етажна сопственост вакви електроцентрали можат да бидат поставени од страна на заедницата на сопственици, односно Совет на станари единствено за заедничките простории, рече Бочварски. Клучно во оваа измена, потнцира, е дека на граѓаните и на фирмите нема да им биде потребно одобрение или решение од општината за поставување фотонапонски централи како што беше досега. -Инвеститорите на електроцентралата се должни само да ја известат единицата на локалната самоуправа за поставување на електронапонска централа и да ги достават следните документи: Извод од Централен регистар доколку инвеститорот е правно лице, што значи за фирмите или компаниите или копија од лична карта доколку инвеститорот е физичко лице за куќа или домаќинство, имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонска електроцентрала или доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот се доставува договор склучен со сопственикот на објектот или писмена согласност од сопственикот. Основен проект за поставување на фотонапонска електроцентрала или доколку е во колективна станбена зграда писмена согласност за поставување на фотонапонска електроцентрала од мнозинството од сопствениците на посебни делови на објектот кои претставуваат повеќе од половина од вкупната површина на објектот, појасни Бочварски Потенцира дека основниот проект треба да содржи општ дел и проектен дел кој се состои од архитектонски проект за електрична инсталација и опрема. - Градбите се поставуваат од страна на изведувач со лиценца, се ставаат во употреба врз основа на изјава дадена под кривична и материјална одговорност од страна на изведувачот дека е поставена согласно основниот проект, каде што максималната инсталирана моќност на електроцентралата не надминува 40 киловати за правните лица, односно 6 киловати за домаќинствата.  Фотонапонската електроцентрала е приклучена на електроенергетската инфраструктура, односно приклучокот на ЕВН, истакна Бочварски. Инвеститорот, како што кажа, е должен после оваа процедура примерокот од изјавата на изведувачот да го достави до единицата на локалната самоуправа и до Агенцијата за енергетика. -Контрола врз градбата и во овој случај ќе вршат градежните инспектори дали се поставува согласно овие процедури коишто ги препишуваме во Законот. Со оваа измена во Законот за градење за ваков тип на мали централи кои се поставуваат од потрошувачи, производители, се поедноставени административните процедури и исто така нема да има ограничување на капацитетот на електроцентралите кои се поставуваат на објекти со добивање на решение во општината, а досега максималниот капацитет беше до еден мегават, посочи Бочварски и додаде дека со тоа се излегува во пресрет на коморите, на компаниите,на бизнис секторот, на граѓаните, а со тоа и на домашниот електроенергетски сектор. Очекува со изманите на Законот да се забрзаат процедурите и побрзо да бидат ставени во функција фотнапонските електрани. - Бидејќи се работи за мали централи за производство на енергија со мал капацитет но многу значаен за домаќинствата и за компаниите, сметаме дека оваа измена е клучна заради тоа што ги тргаме административните бариери, пред се, во општините, бидејќи тие ги издаваа овие решенија досега и со тоа сега ја префрламе обврската на самите инвеститори – граѓаните час поскоро да изготват свои проектни документации. Притоа повеќе нема да чекаат административни решенија, одобренија во матичните општини со што го елиминираме клучниот аспект. Јас сум информиран и од министерот за економија дека процедурата која што се водеше и во ЕВН, која исто така одземаше време, дека веќе имаат процедура како тоа дополнително да се скрати и во тој сектор и во тој сегмент. Но, нашиот дел, државниот апарат – администрацијата повеќе нема да биде бариера или кочница за да можат граѓаните побрзо да инсталираат вакви енергетски објекти на своите домови, посочи Бочварски.  вј/лв/

 

Остани поврзан