• четврток, 19 декември 2024

Меѓународна конференција по повод „25 години од усвојувањето на документот Препорака 1333”

Меѓународна конференција по повод „25 години од усвојувањето на документот Препорака 1333”

Охрид, 1 септември 2023 (МИА) - Во организација на Здружението за права и хуманост Интегра нау, од денеска во Охрид ќе биде одржана Меѓународна конференција по повод „25 години од усвојувањето на документот Препорака 1333” од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На настанот ќе присуствуваат претставници на Владата на Република Северна Македонија, националниот координатор за интекултурализам Роберт Алаозивски, претставници од влашкте политички партии и невладините организации од земјава и од Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Романија, Грција, Србија, Албанија и Бугарија, претставници на ОБСЕ, на канцеларијата на Европската Унија и на Советот на Европа.

Настанот е овозможен со поддршка на Агенцијата за остварување на правата на зедниците.

Документот Препорака 1333 е усвоен на 24 јуни 1997 и со него Советот на Европа им препорачува на државите членки, во кои живее поголема концентрација на Власи, да им ги гарантираат основните човекови права кои припаѓат на секој народ. Оценувајќи ја критичната состојба во која се наоѓаат Власите на Балканот и пошироко, Советот на Европа, им препорачува на државите членки да ја потпишат и да ја ратификуваат Европската повелба за регионални и малцински јазици, да им се овозможи настава на влашки јазик, богослужба на својот мајчин јазик, издавање книги, весници, емитување на програма на радио и телевизија на влашки јазик, како и подршка на културните здруженија. Со Препораката 1333 се препорачува формирање на универзитетски катедри за изучување на влашкиот јазик, со апел до министрите за образование на државите членки, влашката историја и култура да се изучува како дел од европската историја, како и соработка со организациите, фондациите и останатите релевантни институции, да помогнат сите овие препораки да се имплементираат во пракса.свс/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан