Перформанс за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“
- ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар организира настан „Простор за разговор“ со цел подигање на свеста за родовата еднаквост. Настанот ќе се одржи со почеток во 12 часот во Мултимедијалниот центар во Штип.
Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар организира настан „Простор за разговор“ со цел подигање на свеста за родовата еднаквост. Настанот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар во Штип.
-Целта е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс да го зајакнеме чувството на припадност кон заедницата, да ги искорениме стереотипите и да ги зајакнеме младите и социјално ранливите, целат од ХЕРА.
„Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. По настапот ќе има разговор на темата за родова еднаквост со публиката, со цел справување на проблемите на младите. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост.
Следните денови вакви настани ќе се одржат во Велес, Битола, Охрид и Струга.
Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан. сст/са/