• понеделник, 23 декември 2024

Јавен форум за еднаквост во образованието

Јавен форум за еднаквост во образованието

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи Јавниот форум за еднаквост во образованието, кој ќе ги истражува критичните прашања околу еднаквоста, спречувањето и заштитата од насилството и промоцијата на инклузивни вредности во нашиот образовен систем.

-Примарниот фокус на овој форум е да се поттикне пошироко разбирање на еднаквоста и насилството во образованието, кое оди подалеку од декларативно застапување за инклузија. Со интегрирање на интерсекциски дискурс, ќе истакнеме како различните форми на дискриминација - врз основа на род, сексуална ориентација, попреченост, социо-економски статус и етничка припадност - се вкрстуваат и создаваат уникатни предизвици за маргинализираните ученици. Затоа, јавната дискусија околу овие теми не само што е витална, туку и задоцнета, бидејќи работиме на тоа образовните системи да бидат безбедни, правични и овластувачки за сите ученици, без оглед на нивната различност, велат организаторите. 

Овој форум треба да обезбеди платформа за дискусија за тоа како може да се реформираат образовните политики за да се решат овие системски нееднаквости, охрабрувајќи ги засегнатите страни - едукаторите, креаторите на политики и граѓанското општество - да зборуваат отворено и да дејствуваат решително за овие прашања. 

-Со промовирање на критичко размислување, емпатија и почит кон различноста, имаме за цел да покренеме разговор меѓу донесувачите на одлуки, стручните кадри  и граѓанскиот сектор, кој ќе ја предизвика дискриминацијата и ќе понуди поинклузивен поглед на светот. Настанот ќе се обиде да ги инспирира оние на позиции на влијание да поттикнат значајни, долгорочни структурни промени кои поттикнуваат еднаквост и човекови права на секое ниво на образовниот систем, се вели во соопштението од Коалиција МАРГИНИ. 

Од Коалицијата додаваат дека овој јавен дијалог е од суштинско значење, не само за да се подигне свеста, туку и за да се обезбеди нормализирање на разговорите за еднаквоста и човековите права во образованието и континуирано застапување за нив. Со внесување на овие дискусии во јавната сфера, можеме колективно да работиме кон иднина каде што на сите ученици им се даваат исти можности за успех, ослободени од системски бариери.

Настанот е дел од проектот „Поттикнување на родовата и сексуалната еднаквост преку културата и образованието во Северна Македонија“, поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел – Босна и Херцеговина, а имплементиран од Коалиција Маргини. сст/sa/

фото Коалиција МАРГИНИ



Остани поврзан