• понеделник, 07 октомври 2024

Прво издание на интернационалната IT конференцијата What The Stack во Скопје

Прво издание на интернационалната IT конференцијата What The Stack во Скопје

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Во МКЦ денеска ќе се одржи првото издание на интернационалната IT конференција What The Stack. Темата е web development. На четири сцени ќе се појават преку 20 предавачи, од кои 10 се интернационални.

Како што информираат организаторите, посетителите ќе имаат можност да слушнат предавања од звучни имиња од светската IT сцена, како што се Santosh Yadav, Sam Vloeberghs, Daniel Afonso, Atila Fassina и многу други. На конференцијата ќе и претходат и различни предавања, работилници и активности во времетраење од една недела.

Конференцијата е организирана од три невладини IT здруженија: DeveD, Base42 и Angular Macedonia, а е поддржана од од повеќе IT организации, заедници и иницијативи. Со мотото од заедницата, за заедницата, организиран од програмери за програмери, по примерот на конференции како We Are Developers и JSNation, овој настан, како што велат организаторите, ќе го постави Скопје на значајно место на европската IT сцена. сст/са/

Фото: постер

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан