• петок, 18 октомври 2024

„Разговор со уметникот“ на Јовановска и „Урбани контрасти“ на Ристовски вечер во галеријата „Ко-ра“

„Разговор со уметникот“ на Јовановска и „Урбани контрасти“ на Ристовски вечер во галеријата „Ко-ра“

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Во галеријата „Ко-ра“ во Скопје вечер ќе бидат отворени изложбите „Разговор со уметникот“ на Петра Јовановска и „Урбани контрасти“ на Рафаел Ристовски.

Петра Јовановска е родена во 1972 година, во Јесеник во Чешка. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика. До сега има  реализираno  60-тина самостојни изложби.

Петра има учествувано на 40 меѓународни ликовни колонии и симпозиуми. Добитничка е на бројни награди. Има реализирано творечки престој во Париз во Франција. Членка е на ДЛУМ, ИКОМОС.

Рафаел Ристовски е млад автор кој веќе има учество во повеќе проекти и во галерија „Ко-ра“ од тематски ангажиран карактер, како што се изложбите по повод Денот на пролеттa и Деновите на екологијата - „Во хармонија со природата“ и „Велосипедот на нашите улици“. 

Во повеќе проекти неговата преокупација е урбаната фотографија, додека кај Петра Јовановска кругот останува во фокусот на нејзината преокупација, со својата повеќекратна симболика и значење.бт/са/

Фото: Галеријата „Ко-ра“ 

 

 

Остани поврзан