• петок, 21 февруари 2025

Работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?

Работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Работилница за граѓански организации и медиуми „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?, ќе биде одржана денеска во Јавна соба во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“.

Работилницата има за цел да ја доближи до граѓанските организации и медиумите во Северна Македонија важноста на усогласувањето на македонското законодавство со Законот за дигитални услуги на Европската Унија чија цел е да спречи незаконски и штетни активности на интернет, како и ширење на дезинформации, притоа обезбедувајќи безбедност на корисниците, заштита на фундаменталните права и создавање на фер и отворена средина за онлајн платформите.

Во рамки на работилницата ќе бидат презентирани и наодите од анализата за регулаторната и институционалната подготвеност на Северна Македонија за усогласување со Законот за дигитални услуги на ЕУ.

Работилницата се реализира како дел од проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ кој има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. Оваа иницијатива претставува заеднички напор за справување со нееднаквите стандарди за дигитални права во земјите од Западен Балкан преку пристап на вклучување на повеќе засегнати страни за да се постигнат значајни промени.

Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in Tech Kosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија). са/бак/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан