Промоција на книга за Ацо Шопов во Штип
- Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Фондацијата „Ацо Шопов“ денеска напладне во Тренинг центарот на УГД организираат промоција на книгата „Од онаа страна на небиднината: Разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“. Автор на книгата е Иван Антоновски, а објавена е од издавачката куќа „Дијалог“.

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Фондацијата „Ацо Шопов“ денеска напладне во Тренинг центарот на УГД организираат промоција на книгата „Од онаа страна на небиднината: Разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“. Автор на книгата е Иван Антоновски, а објавена е од издавачката куќа „Дијалог“.
На промоцијата ќе се обратат деканката на Филолошкиот факултет на УГД, Луси Караниколова-Чочоровска, проректорот за настава на УГД Мишко Џидров, проф. Весна Мојсова-Чепишевска, градоначалникот на Штип Иван Јорданов и ќерката на поетот Ацо Шопов - Јасмина Шопова.
-На овој настан ќе бидат присутни повеќе членови на неговото семејство кои воедно се грижат за сочувување и промоција на делото на Ацо Шопов, соопшти Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. хс/лв/
Фото: УГД-Штип