• сабота, 16 ноември 2024

Промоција на книгата „Антидискриминациско право“

Промоција на книгата „Антидискриминациско право“

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Во бибилиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Антидискриминациско право“, коавторски труд на проф.д-р Лазар Јовевски, д-р Жанета Попоска и д-р Јулиус Ростас.

Овој учебник претставува уникатно дело, универзитетски учебник кој е прв од својот вид во државата и научните кругови во соседството, а ги обработува темите поврзани со антидискриминацијата и антициганизмот.

- Овој учебник е резултат на темелно истражување и интердисциплинарен пристап, кој нуди подлабоко разгледување на теоретските и практичните аспекти на борбата против дискриминацијата во различни општествени контексти, се наведува во соопштението од проф. д-р Лазар Јовевски, раководител на катедрата по трудово и социјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје.

На промоцијата, како што е најавено, ќе бидат присутни преставници од Владата на Р.С.Македонија, како и претставнции од дипломатскиот кор, академската заедница, правосудството и практиката и од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. цр/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан