• вторник, 24 декември 2024

Промоција на зборник со трудови од Регионален учителски собир

Промоција на зборник со трудови од Регионален учителски собир

Скопје, 1 јуни 2024 (МИА) - Во Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ во Скопје денеска ќе биде промовиран зборник со наслов „Учителско наследство и развојната образовно-воспитина практика“.

Зборникот содржи над 20 трудови претставени на Регионалниот учителски собир, кој Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија го организирал во 2019 година во Куманово, по повод 70 години од прводипломираните народни учители во Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип во 1946 година. 

Како што соопшти Сојузот на просветни работници, објавувањето и промоцијата на зборникот е во соработка и со поддршка на Општина Куманово и издавачката куќа „Просветно дело“-Скопје. хс/нд/

Фото: Сојуз на просветни работници на Република Северна Македонија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан