• вторник, 17 декември 2024

Промоција на документарниот филм „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“

Промоција на документарниот филм „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - По повод Меѓународниот ден за намалување на ризици од катастрофи, денеска во Гостивар ќе биде промовиран документарниот филм „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ изработен од Програмата за развој на Обединетите нации за истоимениот проект.

На промоцијата во младинскиот ресурсен центар ICAN во Гостивар пред претставниците на младинските организации, невладиниот сектор активен во заштита на животната средина, најавено е кусо обраќање на Постојаниот претставник на програмата за развој на ОН Армен Григорјан. По проекцијата на филмот предвидена е дебата за важноста на активностите кои се спроведуваат за намалување на ризиците од катастрофи во нашата држава. 

Проектот што се спроведува во рамки на Програмата за развој на ОН е финансиран од владата на Швајцарија, а се имплементира во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

 

 

Остани поврзан