• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на графит во ОУ „Владо Тасевски“ на тема добро владеење

Промоција на графит во ОУ „Владо Тасевски“ на тема добро владеење

Скопје, 13 април 2023 (МИА) - Во ОУ „Владо Тасевски“ денеска ќе биде промовиран графитот „Правдата ќе победи“, реализиран од страна на училиштето.

- Во изминативе месеци се одржаа натпревари во две училишта на територијата на државава, каде околу сто деца имаа можност да ја визуелизираат темата на добро владеење преку цртеж. Најдобриот цртеж беше одбран од страна на стручна жири комисија предоводена од програмсиот менаџер на Стенфорд Универзитет Саша Џејсон и од Деница Чадиковска од ИРЛ, соопштија од училиштето.

Во проектот учествуваше и ОУ „Климент Охридски“ од Облешево.

- Целта на проектот беше да ја кренеме свеста и да поттикнеме размислување, активизам и влијание на младите и локалната средина на темите добро владеење, корупција и клиентилизам. Победничкиот мурал е дело на ученичката Андреа Јакимовска, а адаптација на графитот направи уметникот Дејвид Стоилковски, наведуваат од училиштето.

Овој мини проект е реализиран со поддршка на Stanford CDDRL, Leadership Network for Change (Лидерската мрежа за промени - LNC) и Center for International Private Enterprise (CIPE) преку грант за поддршка на демократија во акција.

- Темата оваа година беше „Демократијата е во криза“ и се фокусираше на заканите за глобалната демократија и развојот ширум светот. Целта на овој проект е подигање на свеста заснована на неформално образование со цел да се иницираат позитивни промени во општеството и да се претстави значењето на демократијата, владеење на правото и одговорно владеење врз развојот на општеставата, се вели во соопштението. мс/сп/

Остани поврзан