Промоција и потпишување Грант договор за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет - MkSafeNet
- Во просториите на Европска куќа Скопје денеска ќе одржат промоција и потпишување на Грант договор за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет - MkSafeNet во рамки на програмата за Дигитална Европа.

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Во просториите на Европска куќа Скопје денеска ќе одржат промоција и потпишување на Грант договор за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет - MkSafeNet во рамки на програмата за Дигитална Европа.
На настанот ќе присуствуваат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и амбасадорот на мисијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир. дма/са/
Фото: МИА архива