• недела, 06 октомври 2024

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.  Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни. дма/ев/

Фото:МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан