Променливо облачно, наутро студено, преку ден до 15 степени
- Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 8 до 15 степени.
Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 8 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 13 степени.
Според УХМР; следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени. мч/бк/
фото: МИА архива